|

„Моќен доказ за стручноста и искуството“: Агелер со честитка до Шекеринска за новата функција и до Мицкоски за поддршката

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер ѝ го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура.

„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќен доказ за стручноста и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша Агелер во честитката до Шежеринска.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата.



Слични Објави