МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО- ТРАЈКО ВЕЉАНОВСКИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО

Помалку од половина час траеше распитот на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски, кој утринава беше повикан да даде исказ пред шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за упадот во Законодавниот дом од 27ми април.

Од Обвинителството соопштија дека Вељаноски на денешниот распит се бранел со молчење и не го искористил правото да даде исказ, бидејќи сакал да прво да направи увид во доказите.