МОН ЌЕ ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА НОВИТЕ НАСТАВНИ ПРОГРАМИ

/

Министерството за образование и наука денеска ќе организира обука наменета за обучувачите кои треба да ги подготват наставниците како да ги применуваат новите наставни програми за прво и четврто одделение, во кои од учебната 2021/2022 година треба да почне спроведувањето на новата Концепција за основно образование.

Според МОН, наставните програми ќе обезбедат поголема видливост на интеграцијата, односно реализација на сродни теми од различни наставни предмети во текот на исто одделение, со цел да се синтетизираат различни перспективи за предметот.

– На овој начин, учениците полесно ќе ја разбираат и совладуваат наставната материја. Фокусот е ставен на учење со разбирање кое помага во развој на критичкото мислење и креативноста, наместо досегашното фактографско учење и меморирање податоци. Исто така, со новите наставни програми предност се дава на формативното, наспроти сумативното оценување што подразбира дека постигањата на учениците ќе се следат на дневна основа, наместо само да се организираат тестирања на крајот на одредени периоди – тримесечје или полугодие, соопшти МОН кога ги усвои новите програми.



Претходна статија

ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ ЛАЗАРОВА САБОТА

Следна статија

ВО БУГАРИЈА ОД 1 МАЈ ЌЕ СЕ ВЛЕГУВА НА ТРИ НАЧИНИ

Најново од Вести