МОН: НОВИОТ ЗАКОН ЌЕ ОБЕЗБЕДИ УЧЕБНИЦИ БЕЗ ГРЕШКИ, НЕЛОГИЧНОСТИ И СТЕРЕОТИПИ

/

Министерството за образование и наука тврди дека новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјал, кој е дел од планот за реформа на националниот образовен систем, е изготвен врз основа на анализи на позитивни практики од повеќе развиени земји во Европа кои го имаат надминато системот на класична употреба на учебник.

МОН во допис до медиумите наведува дека воспоставувањето на систем на отворени образовни ресурси е тенденција кон која се стремат и земјите во развој, вклучително и Северна Македонија.

„По секој предмет повеќе нема да постои само еден извор на информации, туку ќе се користат најмногу до три учебници, што ги насочува учениците кон истражување и анализа пред да донесат заклучоци и да меморираат знаења. Дигитализацијата пак, ќе обезбеди лесна достапност на материјалите за учење, кои стануваат интерактивни и збогатени со мултимедиални содржини – филмови, анимации, видео прикази, галерија на слики и задачи, како и нивно поедноставно ажурирање со најнови податоци и факти пред почетокот на секоја учебна година. Но, имајќи ја предвид автономијата на наставниците во изборот на материјали и средства за настава, тие можат да отпечатат дел од материјалите за потребите на часот, односно училиштата ќе можат целосно да го отпечатат учебникот за секој ученик кој поради било каква причина нема можност да ги користи електронските учебници“, велат од МОН.



Материјалите за учење и понатаму остануваат бесплатни за сите ученици, вклучително и за учениците со оштетен вид за кои државата ќе печати учебници на Брајово писмо, покрај достапноста на секој учебник во аудио формат.

МОН заклучува дека инклузивноста е основен принцип врз кој е создадено новото законско решение, кое меѓудругото ќе обезбеди и учебници без грешки, нелогичности и стереотипи, како и содржина која ќе биде напишана на авторски јазик разбирлив за учениците и соодветната возраст на учениците.

Претходна статија

СКОПЈАНЕЦ ЗАТЕКНАТ СО МАРИХУАНА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Следна статија

„ФАЈЗЕР“: ЌЕ ИСПОРАЧАМЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ 100 МИЛИОНИ ВАКЦИНИ ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување