МОРЕНО ЈА ПРОДОЛЖИ ВОЈНАТА СО ЕНРИКЕ: ПРВО МИ БЕШЕ БЛАГОДАРЕН И ОДЕДНАШ – УДРИ СО НАВРЕДИ!
Поранешниот шпански селектор Роберт Морено на прес-конференцијата ја откри својата страна од приказната за караницата со колегата Луис Енрике, кој го замени на клупата на Шпанија.
Морено на пресот беше краток, а притоа не го криеше разочарувањето со тоа што Енрике, по враќањето на селекторската позиција, го избрка и го нарече „нелојален човек“.
„Првпат кога се сретнавме по неговото заминување од репрезентацијата ми кажа дека го направил тоа што морал, а мене ми бил благодарен што сум ја прифатил работата. По некое време му реков да се видиме. И потоа… Човекот се врати да ми даде отказ. Бев шокиран. Не можев да верувам што ми кажа Енрике. Само прифатив работа која тој ја остави поради трагедија. Ме нарече нелојален, а тоа е лага. Не знам дали некогаш ќе дознаам зошто ме навреди јавно. Никој не беше посреќен од мене кога слушнав дека Луис се враќа, а тој зборува дека сум сакал да ја водам Шпанија на Евро 2020. Ни тоа не е вистина“, вели Морено.
Извор: Спорт1