|

Морничаво видео на Хамас: киднапирана жена војник зборува пред камера, во следниот кадар е мртва

Израелската армија ја потврди смртта на жена војник киднапирана од Хамас и држена во Газа по масовниот напад на групата врз Израел на 7 октомври.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека го информирале семејството на 19-годишната Ноа Марчијано за нејзината смрт, пишува Би-би-си.

Марчијано се појави на видео што вчера го објави Хамас. ИДФ објавувањето на контроверзната снимка го нарече „психолошки тероризам“. Марчијано ги кажува своето име, имињата на родителите и на родниот град на видеото, кое наводно било направено четири дена по киднапирањето. На видеото потоа се гледа нејзиното мртво тело.

Вооружени членови на Хамас зеле околу 240 заложници и убиле 1.200 луѓе за време на минатомесечниот напад. Марчијано беше на набљудувачка станица во кибуцот Нахал Оз кога вооружени напаѓачи упаднаа на блиската граница меѓу Израел и Газа, нападнаа десетици израелски заедници, неколку воени бази и стотици млади луѓе, кои присуствуваа на музички фестивал.

Повеќе од еден месец не се знаеше точно каде е Марчијано и дали воопшто е жива. Военото крило на Хамас тврди дека таа била убиена во израелски воздушен напад на 9 ноември.



Слични Објави