| |

Можно намалување и укинување на патните трошоци за пратениците

Членовите на собраниската Комисија за труд и социјална политика едногласно ги изгласаа измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со кои се предвидува намалување на средствата за патни трошоци за 33 проценти на пратениците и другите именувани и избрани лица. Џевад Адеми од ДУИ рече дека ќе бара целосно укинување на патните трошоци за сите функционери и дека пратениците со години биле на удар на новинарите како дежурни виновници, токму поради таа тема.  Претседателот на Комисијата за труд Јован Митрески изјави дека намалувањето на средствата за патни трошоци на пратениците  е краткорочно решение. Павле Богоевски од СДСМ ги повика сите пратенички групи да се вклучат во изнаоѓање на решение за патните трошоци, без разлика дали се од власта или од опозицијата. Според него прашањето за намалување на патните трошоци не е проблем на јавното мислење, туку на високите патни трошоци кои треба да бидат намалени.



Слични Објави