ПРЕДЛОГОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ НА СЈО СО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ ОД УТРЕ ВО СОБРАНИЕ
Владиниот предлог за спојување на Специјалното јавно обвинителство со Обвинителството за организиран криминал и корупција во обвинителство за организиран криминал и висока корупција утре доаѓа на дневен ред во Собранието. По собраниската расправа, за изгласувањето на овој закон ќе биде потребно 2/3 мнозинство.
За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив предлогот на премиерот Зоран Заев досегашната шефица на организиран криминал Вилма Рускоска да биде на чело на новото обвинителство. Опозицијата сѐ уште официјално не ги соопштила забелешките на законот.
Од СДСМ велат дека со предложениот закон покажуваат дека за нив борбата против криминалот не познава партиска припадност.

