Потомците на бежанците од солунското село Зарово во Крупник, ќе им оддадат почит на своите предци со спомен-обележје во нивна чест
Благодарните потомци на бежанците од село Зарово, Солунско, кои го напуштиле своето родно место во 1913 г. и го нашле својот втор дом во селото Крупник во Бугарија, иницираат кампања за собирање средства за изградба и поставување на спомен-обележје во чест на нивните предци, јавува преку социјалната мрежа Facebook кметот на село Крупник Александар Равначки.
За изградбата и поставувањето на спомен-обележјето се потребни околу 1500 евра, а самото откривање е планирано за летото на 2025 г. Луѓето кои ќе ги собираат парите во с. Крупник се професорките во локалното училиште Станка Т’нова и Диана Стефанова /Качева/, јавуваат од кметство Крупник.

