ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Е БОЛЕСТ ЗА ЗДРАВСТВОТО. ЗДРАВСТВОТО ТОНЕ, А ПАЦИЕНТИТЕ ГО ПЛАЌААТ ТОА СО СВОЕТО ЗДРАВЈЕ И ЖИВОТ

//

СДСМ е болест за здравството. Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот.

Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството. Но, затоа е успешна и е во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ со која беа опфатени 93% од децата до 14 годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година, изнесувал 6.8 проценти , а во 2017 година е намален на 1.9 проценти. Ова го призна и самиот Филипче.



Оваа мерка како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството, така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните, од областа на здравствената заштита, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче и СДСМ ги признаа и потврдија успешните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и здравствената заштита. Филипче и СДСМ денес покажаа дека оваа Влада нема ништо сработено од областа на здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

КОГА ЌЕ ТИ РЕЧАТ „ЗБОРЕНО Е СО ЗАЕВ“ И ЌЕ ДОЗНАЕШ ДЕКА ВЕЌЕ СИ СОВЕТНИК НА СОВЕТНИКОТ ЗА СОВЕТУВАЊЕ ВО ВЛАДА (ВИДЕО)

Следна статија

НАСКОРО ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЗАЕДНИЧКА СЕДНИЦА НА ВЛАДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи