|

МТСП: Досегашните проекти со Светска Банка се покажаа со голем успех, продолжуваме со соработката за придобивка на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сара Кол-Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места во Светска банка, Бојана Нацева, виш специјалист за образование, Даниел Гароте Санчез, меѓународниот консултант за мобилност на трудот во Светската Банка и Цвета Перушеска – Јончевска Портфолио аналитичарка во Светска Банка.

На состанокот се разговараше новиот проект помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Светска Банка во делот на социјалната заштита и детската заштита. Од страна на присутните претставници на Светска Банка беше покажан интерес за поддршка на министерството и во подобрување на работата на Центрите за социјална работа. Според нив социјалните услуги ќе бидат добри онолку колку се добри во работата оние кои ги испорачуваат услугите.

Тие истакнаа дека тимот од Светска Банка кој е присутен на состанокот составен од експерти во областа на трудот, образованието и социјалната заштита можат да понудат предлог план кој ќе ги допре сите аспекти на работа на министерството.

Министерката ја покажа својата заинтересираност за продлабочување на соработката. Таа истакна дека претходната успешна соработка и влева само сигурност за цврсти чекори напред кои ќе бидат во корист на граѓаните.

Слични Објави