Ковачев: Ги објавуваме имињата на 120 илјади македонски Бугари со бугарско државјанство, за да ги заштитиме од репресија
Европратеникот Андреј Ковачев им честиташе на сите 180 пратеници во бугарскиот парламент (без ниту еден против или воздржан) кои гласаа на првото читање на измените на Законот за бугарско државјанство. Тој на својот Фејсбук профил објави дека неговата лична битка повеќе од 10 години е на пат да стане реалност, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.
Планирана е церемонијата за добивање бугарско државјанство да биде свечена и јавна, а регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен
„Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија, кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и изјава за бугарска самосвест. Така, оние над 120.000 македонски Бугари, вклучително и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, шефови на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинарите, коментаторите, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од говор на омраза и дискриминација од македонските институции поради тоа што се Бугари. Оние од нив што се „принудени“ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест, повеќе нема да имаат причина да го прават тоа. Очекувам брзо усвојување и второ читање на измените на законот!“, напиша Ковачев.