МУРИЊО ГО ОДБИ ЈУВЕНТУС ПОРАДИ ИНТЕР

/

Португалските медиуми пишуваат дека Жозе Мурињо не е подготвен да прифати понуда од Јувентус, кој остана без тренер, откако реши да му даде отказ на Масимлијано Алегри.

Јувентус, наводно, на листата со желби го имаше и Жозе Мурињо, иако фаворит е Пеп Гвардиола, сепак Португалецот решил да им се заблагодари на понудата.

Мурињо не сака да го преземе Јувентус поради неговата историја со Интер. Португалецот, наводно, кажал дека поради успешното минато со „нераѕурите“ и лошите односи со навивачите на Јувентус не би можел да го преземе италијанскиот шампион.

Извор: Спорт1





Претходна статија

ГВАРДИОЛА ГО НАПУШТА МАНЧЕСТЕР СИТИ ЗАРАДИ…?!

Следна статија

ДВЕ ТОРНАДА ВО АМЕРИКАНСКАТА ДРЖАВА МИСУРИ ПРЕДИЗВИКАА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА

Најново од Вести