МУРИЊО СЕ ВРАЌА ВО ШПАНИЈА: ПОРТУГАЛЕЦОТ ИМАЛ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР ЗА НОВА РАБОТА

Португалскиот тренер Жозе Мурињо и понатаму е без работа, откако на крајот на минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед.

Мурињо на средината на декември се збогуваше со „ѓаволите“, па реши да земе одмор од тренерската работа, но сепак Португалецот призна дека му недостига работата.

„Марка“ објави дека Флорентино Перез сериозно размислува да му даде отказ на Зинедин Зидан поради лошите резултати, а наводно тој веќе имал и телефонски разговор со Мурињо.

Перез верува дека Мурињо е тренерот, кој му е потребен на клубот во моментов, зашто управата веќе ја загубила довербата во Зидан.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ЕМБИД НА БИЗАРЕН НАЧИН ОДГОВАРАШЕ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА

Следна статија

„МАНЧЕСТЕР СИТИ НЕ Е ПОДГОТВЕН ДА ЈА ОСВОИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ“

Најново од Спорт