|

МУРИЊО ВЕЌЕ Е ЗАБОРАВЕН: ОТКРИЕНО КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ДОБИЕ СОЛСКЈЕР ЗА ШОПИНГ ВО ЈАНУАРИ!

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, веќе го детектира главниот проблем во играта на „црвените ѓаволи“, а во меѓувреме ја дозна и сумата пари која ќе ја има на располагање во зимскиот преоден рок.

Одбраната дефинитивно е најпроблематичниот дел во играта на Јунајтед, поради што Норвежанецот сака во овој дел од тимот да ангажира двајца фудбалери – Тоби Алдервилд од Тотнем и Даглас Коста од Јувентус. Солскјер на располагање има 55 милиони евра, што дефинитивно е премалку за овие двајца фудбалери, поради што ќе мора да се снаоѓа со своевидни позајмици или замена на играчи.

„Ѓаволите“ досега сезонава примија 29 голови на 17 натпревари и се меѓу петте најлоши во овој сегмент во Премиер лигата.

Извор: Спорт1



Слични Објави