|

Муртезани-Бомгартнер: во фокусот евроинтегративните процеси

Министерот Орхан Муртезани оствари средба со амбасадорот на Француската Република во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер.

Во фокусот на дискусијата беа евроинтегративните процеси, билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Франција како и можностите за продлабочување на истата.

Во 2021 година беше ратификуван Договорот помеѓу Северна Македонија и Француската Република за основањето на Француската развојна агенција, ПРОПАРКО и Експертиза Франција во Северна Македонија кој отвора можности за соработка особено во поглед на заштита на животната средина и климатските промени, економски развој и социјала.

Со назначувањето на Миа Матковиќ како нов експерт, Франција уште еднаш ја потврди нејзината поддршка за процесот на европска интеграција на Северна Македонија и нејзиното приближување до полноправно членство во унијата, велат од неговиот кабинет.

Говорниците ја потврдија заложбата за продолжување и продлабочување на успешната билатерална соработка.



Слични Објави