|

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000,00 денари по производ.

„Грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, такашто истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на субвенции“, велат од Општина Илинден.

Слични Објави