|

Одбележуваме 90 години од смртта на еден од основачите на ВМОРО големиот бугарски револуционер Иван Хаџи Николов

На 9-ти јули 1934 г. во Софија, се самоубива револуционерот, учител, книжар, трговец и обштественик ИВАН АТАНАСОВ ХАЏИНИКОЛОВ.

Роден е на 24-ти декември 1861 г. во Кукуш. Основното образование го завршил во Кукуш. Потоа продолжил во Пловдив и Свиштов и во Линц, Австрија завршил висока трговска академија. Бил учител во Костенец, Воден, Кукуш, Лерин и во Бугарската машка гимназија во Солун. Во 1893 г. отворил Бугарска книжарница во Солун и ја напуштил гимназијата. Тој е еден од основачите на ТМОРО на 23-ти октомври 1893 г. и член на првиот Централен Комитет. На 23-ти јануари 1901 г., по избувнувањето на Солунската афера, бил уапсен со другите членови од ЦК, осуден на 101 година затвор и заточен во Подрум-Кале (Мала Азија). По амнестијата во август 1902 г. пристига во Солун и учествува на состанкотот на кој биле разгледани случувањата во Македонија, а во почетокот на 1903 г. се преселува во Софија и се занимава со книжарство и издавачка дејност. Во текот на Балканските војни И. Хаџиниколов е доброволец во Македоно-одринското ополчение на Бугарската армија. По Првата светска војна бил представник и е избран за касиер на Основачкиот собор на Сојузот на македонските емигрантски организации, одржан во Софија, 1918 г.

Иван Хаџиниколов, измачуван од стомачна болест, се самоубива во Софија.

“Потоа почна да се зборува, дека големите сили барале ревизија на С. Стефанскиот мир! Негодувавме велејќи: „Што имаат тие големи сили со тоа прашање? Небаре тие се бореа и даваа жртви, па си го земаат тоа право”. Не’ притисна сенка на сомнеж. Фактот што руските војски не доаѓаа да ја окупираат Македонија уште повеќе ни го зголемуваше сомнежот. Но откако се зазбори за Берлинскиот конгрес живеевме со мислата дека С. Стефанскиот мир треба да се потврди и од големите сили. Меѓутоа, кога ги дознавме резултатите на Берлинскиот конгрес гром не’ удри! Разочарувењето и очајот немаа крај. Безутешно плачев како дете. Немаше што да се прави. Требаше да се помириме со положбата.

… Кога стигнав на слободната Бугарска земја, не’ обзеде силна возбуда, и плачев од радост како дете, го скинав фесот, го фрлив настрана и паднав коленички, бакнувајќи ја слободната Бугарска земја. Па и сега, кога ќе си спомнам за поминувањето на турско-бугарската граница, ме обзема истото чувство на душевна возбуда.“

СПОМЕНИ на И. Хаџиниколов

“Солун, благодарение на својата местоположба, како природен излез на цела Македонија кон морето, беше станал не само трговски, но и просветен центар на Бугарите во Македонија. Наредени се различни успешни трговски фирми, а тука се издигаше и Солунската Бугарска машка гимназија, од каде излегоа најдобрите македонски синови. Таму се влеваа сите попробудени македонски Бугари од внатрешноста за да го прошират своето образование и бидат полезни на својата родина, која имаше толку голема потреба од просветени луѓе. Поради оживеаните трговски врски со странство, во Солун лесно проникнуваа слободољубивите идеи на западна Европа и патриотскиот дух на слободна Бугарија. Благодарение на тие свои предимства Солун може да застане на чело во борбата за нашето политичко ослободување. Таму беше создадена од група младежи идеалисти револуционерна организација, на која и’ беше судено да изигра огромна ролја во ослободителното движење.”

ПОЧЕТОК НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, 1931 г.

Слични Објави