МУЗЕЈОТ ВО БАЛТИМОР ЌЕ КУПУВА САМО ДЕЛА ЧИИ АВТОРИ СЕ ЖЕНИ

Музејот на уметноста во Балтимор, САД, ги откри плановите дека в година ќе купува само дела чии автори се жени. Во моментот, само четири проценти од колекцијата на музејот е од жени уметници.

Како дел од иницијативата и визијата за 2020 година, музејот ќе организира и најмалку 20 изложби на кои се претставени разни дела од жени автори, вклучувајќи ја и Елиса Блаунт Мурхед.

Одлуката на музејот во Балтимор била осмислувана изминативе две години.

„Јас би рекол дека визијата во 2020 година е само продолжување на етичкиот кодекс, кој длабоко е вграден во рамките на музејот“, рече Кристофер Бедфорд, директор на музејот. Според него, градењето постојана колекција е градење приказна за сите времиња.



Слични Објави