| |

МВР: Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е лишено од слобода лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Како што информира МВР, денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Ш.А. (54) од Скопје. Тој се сомничи дека вчера (11.01.2026) го оштетил стаклото на влезната врата на бугарската амбасада.

„Веднаш по добиената пријава, беа преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот. Осомничениот е лишен од слобода, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.



Слични Објави