|

МВР во целост ја гарантира безбедноста на граѓаните во насока на спроведување на фер и демократки „Локални избори 2025“

Министерството за внатрешни работи информира дека во пресрет на претстојните Локални избори 2025, презема континуирани мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно одвивање на изборниот процес.

Согласно направените безбедносни проценки и воспоставените оперативни планови, на денот на изборите полициските службеници ќе бидат распоредени во близина на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање и спречување на можни нарушувања на јавниот ред и мир.

Од МВР посочуваат дека безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана преку користење на стандардни материјално-технички средства, мобилни полициски тимови и пунктовско работење. Дополнително, ќе се користи современа технологија – дронови за воздушна контрола, со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки во случај на инциденти.

Министерството упатува апел до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од активности кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

Од МВР најавуваат дека во текот на изборниот ден јавноста ќе биде навремено информирана за текот на изборниот процес и за сите значајни безбедносни аспекти.



Слични Објави