|

МВР воведува нов систем за автоматска размена на податоци за изгубени и украдени документи

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на услугите за граѓаните, со цел побрзи и поефикасни постапки и заштеда на време. Во рамките на овие напори, Секторот за информатичка технологија изработи веб-решение за размена на податоци за изгубени или украдени документи, кои треба да бидат објавени во „Службен весник“.

Новата платформа ја заменува досегашната пракса на комуникација меѓу МВР и „Службен весник“ преку електронска пошта. Врз основа на потпишаниот договор, размената сега ќе се одвива преку националната платформа за интероперабилност.

Со овој систем, „Службен весник“ секојдневно автоматски ќе ги презема пријавените изгубени или украдени документи за објавување како неважечки. По објавувањето, МВР автоматски ќе ги презема податоците за неважечките документи и ќе ги ажурира во својот интерен систем, што ќе им овозможи на граѓаните побрзо да извадат нови документи.

Слични Објави