МЗТ СКОПЈЕ СЕ ЗАСИЛИ СО ПОРАНЕШЕН МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА СРБИЈА!

Актуелниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје, дополнително го засили ростерот, откако денеска потпиша договор до крајот на сезоната со поранешниот репрезентативец на Србија во младинските категории, Ѓорѓе Милошевиќ (26 год, 200 см).

Станува збор за веќе искусен кошаркар, кој игра на позицијата ниско крило, но кој исто така добро се снаоѓа и на позицијата бек-шутер. Досегашната кариера ја има минато во само два клуба и тоа во некогаш еден од најдобрите српски тимови, Хемофарм Вршац (2011-2014) и босанска Игокеа (2014-2019).

Милошевиќ зад себе има дури пет сезони одиграни во престижната АБА-лига, а може да се пофали со три шампионски трофеји во БиХ и пет победи во Купот на оваа земја. Со репрезентацијата на Србија, пак, има сребрен медал од ЕП 2011 за јуниори, како бронза од ЕП 2009 за кадети.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува за следниот меч од АБА2-лигата и тоа на гости кај Ловќен следниот четврток.

Извор: Спорт1