На 11 октомври маските на власта и опозицијата во Северна Македонија паѓаат*
Facebook статус на д-р Андреј Ковачев, европратеник од редовите на ЕНП
Веќе многу години, речиси секогаш кога имам официјални или неофицијални средби со политичари од Северна Македонија, тие секогаш во одреден момент од разговорот велат „подобро е да не гледаме во минатото, туку во сегашноста и иднината“. Секогаш се согласувам, сè додека, се разбира, тоа е искрено и не е поврзано со искривување, промена и манипулација со историските настани и особено со бугарскиот идентитет на одамна починатите луѓе. Сепак, истите тие луѓе „гледајќи кон иднината“ не застануваат да се вратат, со или без повод, токму на историјата и минатото. И тоа го прават на дневно и неделно ниво…
Денес, на пример, целата нивна политичка класа, таа на власт заедно со опозицијата, се натпреварува кој погласно, поблескаво и „патриотски“ ќе го одбележи „пукањето од првата пушка против бугарскиот фашистички окупатор“ во 1941 г. и се разбира, кој ќе ја обвини Бугарија во уште колку смртни гревови, заедно со сите бугари, се разбира. Тоа што денес се „слави“ е измислено и анахроно комунистичко-терористичко злосторство, би било смешно и забавно доколку истото нема за цел да ја одржува и разгорува омразата и нетрпеливоста кон Бугарија и кон Бугарите.
Зошто, на пример, ниту еднаш не се спомнува „германскиот националсоцијалистички окупатор“, кој всушност е формален „окупатор“ на Кралството Југославија? Нема ниту еден збор за „италијанскиот фашистички окупатор“, под чија окупација е дел од Западна Македонија? Зошто никој не спомнува, дали тогаш воопшто постоела државата Македонија и каков бил нејзиниот статус во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците? Уште позабранета тема е тоа што за време на бугарската „фашистичка“ управа повеќе од 70% од локалната администрација и војска биле составена од локалното население.
Бројот на денешните скопски политичари, градоначалници, академици и други кои имаат дедовци кои тогаш биле „фашистички“ градоначалници или административци воопшто не е мал.
Денеска е денот кога паѓаат многу маски во Северна Македонија и се покажува вистинското лице на една државна доктрина, идеологија и идентитет, насочени против Бугарија и која има потреба да наметнува омраза и презир, за истите да продолжат да постоjaт.
Нашите пријатели во Скопје мора конечно да разберат дека комунистичките петокраки, како и омразата против Бугарија, се апсолутно некомпатибилни со европската интеграција и вредности… кажано на најделикатниот начин!
* Насловот е на редакцијата.