| |

ЛОНДОН СО 60.000 ФУНТИ ЌЕ ГИ ПОМАГА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ПОЧИНАТИ ОД COVID-19

На семејствата на вработените во британското здравство кои починале во текот на пандемијата на коронавирусот ќе им бидат испалтени по 60.000 фунти, или 66.000 евра, во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство Мет Хенкок, пренесува Нетпрес.

Според последните податоци Обединетото Кралство е меѓу земјите со најголем број починати од болеста Covid-19, има 21.092 смртни исходи како последица од зараза со коронавирусот кој го предизвикува споменатото респираторно заболување. Станува збор за бројка на починати лица во болниците, а доправа се очекува да се пребројат илјадниците смртни случаи во домовите за стари лица. Меѓу починатите се и 98 медицински работници и помошен медицински персонал, соопшто министерот за здравство во понеделникот вечерта.

„Владата воспоставува програма за животно осигурување на работниците на Националната здравствена служба (NHS) и нивните колеги во социјалната грижа. На семејствата на персоналот кој ќе почине во текот на нивната работа од клучна важност ќе им се исплаќаат 60.000 фунти“, рече министерот Мет Хенкок.

Извор: Нетпрес



Слични Објави