На 14 јануари во црквата „Св. Димитар“ во Скопје ќе се одржи панахида за големата македонска хероина Бугарката од Тетово Мара Бунева
Фондацијата ,,Македонија” преку објава на социјалната мрежа Facebook објави информација во однос на панихидата за хероината од Тетово Мара Бунева, која годинава ќе се одржи во сабота 14 јануари со почеток од 11 часот во црквата Св. „Димитар“ во Скопје.
,, Се е подготвено за одбележувањето на Мара Бунева оваа сабота во Скопје. Повелете пред црквата Св. Димитар по 10 часот. Самата панихида ќе започне во 11 часот. По панихидата сите заедно ќе положиме цвеќиња пред спомен обележјето на Мара Бунева на кејот на Вардар. Полицијата и општината се информирани и ќе се погрижат за организацијата и редот на самиот настан. Очекуваме повеќе од 300 гости од Бугарија и Европа и стотици македонски Бугари од Скопје, Охрид, Битола, Богданци, Струмица, Штип, Кочани, Велес, Гевгелија, Прилеп и други”, информираат од Фондацијата.
Потсетуваме дека на 13 јануари годинава се навршуваат 95 години од подвигот на тетовчанката Мара Бунева, која ја изврши смртната пресуда врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на кејот на реката Вардар кај Камениот мост во Скопје.
Веднаш по извршувањето на пресудата Бунева неуспешно се обидела си го одземе својот живот, на повредите им подлегнала на 14 јануари. На пресудата извршена од Мара Бунева врз обвинителот Велимир Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 студенти од Македонија, припадници на Македонската младинска тајна револуционерна Организација ( ММТРО).
Мара Бунева била привлечена во редовите на ВМРО од нејзиниот брат Борис Бунев.