1410 деца од бугарската заедница во Албанија добија божикни подароци
Здружението „Просперитет Голо Брдо“ во соработка со Амбасадата на Бугарија во Тирана и во рамките на традиционалната иницијатива „Божиќ и Нова Година“ подготви божикни и новогодишни подароци за децата од областите Гора, Голо Брдо и Мала Преспа/Корча. Ова го објави Министерството за надворешни работи на својата веб-страница.
Подароци добија 1410 деца од населените места во трите области, како и учениците од неделните училишта на бугарски јазик во Тирана, Елбасан, Корча и Драч. Иницијативата се реализираше благодарение на заложбите на членовите на здружението, со поддршка на директорите и наставниот кадар на образовните институции. Подароците се обезбедени од проектот на здружението, реализиран со помош на амбасадата во Тирана и финансиран во рамките на Програмата на Владата на Република Бугарија за поддршка на бугарските заедници во странство. Секое дете доби и подароци од Бугарија обезбедени од приватна фирма.
Од веб-страницата на МНР информираат и дека по повод новогодишните празници „Здружението на слепи и инвалиди од бугарското национално малцинство во Албанија“ подели пакети на лицата со посебни потреби од областа Голо Брдо. Тие се обезбедени во рамките на проектот „Насмевки за сите“ на Здружението, реализиран во соработка со Амбасадата во Тирана и финансиран во рамките на Програмата на Бугарската влада за поддршка на организациите на бугарските заедници во странство.