| |

На 22 август во месноста меѓу бугарското село Равно Буче и српското село Црни Врв ќе се одржи пограничниот собир „Свети Никола“

Традиционалниот единаесетти пограничен собир „Свети Никола“ ќе се одржи на 22 август во месноста меѓу бугарското село Равно Буче и српското село Црни Врв, јавува Фар.рс.

Граничниот премин за учесниците ќе биде отворен од 10 до 21 часот, а посетителите треба да носат лична карта.

Во програмата се предвидени музички и спортски настани, како и традиционални јадења, меѓу кои војнички грав, гулаш и српска скара.

Собирот е посветен на пријателството, комуникацијата и добрососедските односи меѓу бугарскиот и српскиот народ. Организатори на годинашното издание се Месната заедница Црни Врв и Општина Чупрене.



Слични Објави