| |

На 26 септември ќе бидат одбележани 93 години од почетокот на изградбата на планинарскиот дом „Македонија“ во планината Рила

На 26 септември свечено ќе бидат одбележани 93 години од поставувањето на камен темелникот за изградба на планинарскиот дом „Македонија“ во Рила, соопшти претседателот на Туристичкото друштво „Ајгидик“ од Благоевград, Александар Христов, јавува Радио Благоевград.

Празничната програма ќе започне околу 10 часот, а ќе учествуваат околу 120 деца од Центарот за личен и творечки развој на децата во Благоевград. Предвидени се молебен за здравје и делење курбан.

Христов посочи дека одржувањето на објектот, кој се наоѓа на околу 2.200 метри надморска височина, бара значителни напори. Во моментов се изведуваат работи на надворешната камена конструкција на домот.

Планинарскиот дом „Македонија“, познат и како „Бисерот на Југозападна Рила“, повеќепати бил наградуван во изборот „Дом на годината“, а минатата година добил признание за иновации. Годинава неговиот домаќин е номиниран за „Домаќин на годината“.

За посетителите со намалена подвижност, Националниот парк „Рила“ ќе овозможи пристап со автомобили до кантонот во подножјето на домот, со претходно доставување на податоците за возилата.

Христов најави и историски поход „По патот на Седмата рилска дивизија“ од мостот кај селото Бараково до плоштадот „Македонија“ во Благоевград, посветен на годишнината од ослободувањето на Горна Џумаја и Пиринска Македонија од османлиска власт. Во седумкилометарскиот поход се очекува да учествуваат повеќе од 700 ученици.



Слични Објави