|

На Арсовска и е жал за жителите на Бутел кои и најавија жив штит: Потпаѓаат на провокации

Скопската градоначалничка Данела Арсовска смета дека бутелчани кои најавија дека со жив штит ќе ги бранат дворовите, потпаднале на провокациите од градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Таа беше прашана за став околу т.н. „жив штит“ на прес-конференција, каде кажа дека мора да се почитува законот.

„Мене ми е навистина жал што ти е сметаат дека треба да потпаднат под провокациите на овие политиканти кои ги споменав. Во оваа држава постои закон и не знам како да кажа, дека една личност од една страна не може да зборува за дивоградби, за урбана мафија, а од друга страна да излезе и во истата реченица да брани узурпација на државно земјиште. Ова самото по себе е парадокс. Ние зборуваме за право, правичност. Узурпацијата не оди со овие термини“, кажа Арсовска.

Пред два дена, жители од 16 куќи во Бутел, излегоа на протест. Тие реагираа поради одлуката на Град Скопје за пробивање на улицата улицата „Боца Иванова“ преку нивните дворни места.

„ Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето“, посочи Арсовска.

Слични Објави