ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ СЕ ШТО ВЕТИ ИЗЛАЖА, ЖИВОТОТ КОЈ ГО ВЕТУВАА ЗА ГРАЃАНИТЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО БЕДА

/

Една година СДСМ, една година чемер и јад. Животот кој го ветуваа за граѓаните се претвори во беда, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО- ДПМНЕ.

Една година лаги и манипулации. Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема 12.000 денари социјална помош, нема поголеми пензии, нема ништо ни од најавените 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта, нема бесплатно болничко лекување, исто како што нема и 15% поврат на ДДВ. СДСМ се што вети излажа.

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ги излажаа граѓаните пред избори, ветуваа брда и долини, мерки и проекти. Ништо од тоа не остварија. Една година државата бележи само стагнација, како на економски така и на општествен план.

0% раст на БДП во услови кога цела Европа бележи рапиден напредок, 45% помалку издадени градежни дозволи во март оваа година во споредба со март лани, 300 милиони евра нов долг за првите три месеци од 2018 година, заробена држава, политизирани институции и судство под контрола на власта, ова е сликата за Република Македонија по една година од владеењето на СДСМ.

Државата е на дното на Европа на индексот на корупција на Транспаренси во друштво со земји од третиот свет, корупцијата цвета, а тоа го нотираат и видни земји членки на ЕУ. Додека криминалот царува заробената држава ги штити криминалците и наместо за граѓаните работи за потребите на картелот.



Безнадежноста, криминалот и корупцијата не смеат да продолжат да бидат наше секојдневие. Овој криминален картел мора да си замине. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, кои сакаат Република Македонија да зачекори на вистинскиот пат на 2 јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија да кажат НЕ на оваа недемократска и ненародна власт, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО- ДПМНЕ.



Претходна статија

ЗДРУЖЕНИЕ ХЕНДИКЕП ПЛУС : ПРИСТАПНОСТ-НАШЕ ПРАВО,СТАРТУВА ДЕНЕС ОД КРИВА ПАЛАНКА

Следна статија

АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. СТЕФАН НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ МУ ЈА ЧЕСТИТАШЕ ГОДИШНИНАТА ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВЛАДАТА

Најново од Вести