На денот на Св. Кирил и Методиј: Јотова отвора меѓународен научен форум во Атина
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова на денот на чествувањето на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј ќе го отвори Меѓународниот научен форум „Патот на светлината“ во Атина, информираат од прес-службата на бугарската претседателска институција, пренесува БНР.
Настанот е дел од програмата за одбележување на 20-годишнината од бугарското неделно училиште „Свети Кирил и Методиј“. Со претставување на делото на Светите рамноапостоли и нивните ученици, форумот има за цел да го промовира ширењето на бугарскиот јазик и култура во странство.
Илијана Јотова во Атина ќе се сретне со претставници на бугарските здруженија во Грциja.
