Не остана здраво копје, поради неизбежното влегување на Бугарите во Уставот на РСМ
Пишува: Ефтим Симеонов
Најновите настани во македонско-бугарските односи се во моментов повеќе или помалку поврзани со влегувањето на македонските Бугари во Уставот на РСМ. Тоа е единствениот услов во моментов поставен пред земјата, за таа да ги почне преговорите со Европската Унија.
Бидејќи сепак станува збор за најголемото чудовиште, баба Рогата на Македонците, а имено Бугарите, тоа во моментов е една од жешките теми околу која се кршат речиси сите копја. Важно е да се напомене дека тие копја не се кршат околу тоа дали Бугарите ќе влезат или не. Поголемиот дел од политичарите се помирија со тој факт. Сега се кршат копјата околу тоа како ќе дојде до тоа, кој ќе биде тој што ќе ја направи таа промена и кој ќе ги добие на своја страна противниците на уставните измени.
Во сенка на тие превирања, некако поминаа и припремите на македонските властодршци за тоа што би следувало после внесувањето на Бугарите во Уставот и како тоа максимално да се искористи во нивна корист. Како дел од тие припреми е новоформираното чедо на УДБА, а тоа е најновата партија на „Бугарите“. Партијата наречена Алијанса на Македонските Бугари – Движење за национално единство и спас е формирана во 2020 г. во ни помалку ни повеќе, „бастионот на бугарштината“ Куманово.
Партијата е формирана токму во времето кога Софија го смени правецот од дискусии за историјата и го стави фокусот на човековите права на Бугарите во РСМ. Со оглед на тоа што тукашната власт уште тогаш и биле познати контурите на тоа што на крајот испадна францускиот предлог, ќе си дозволам да шпекулирам дека некои изгледа решиле да ја зграпчат приликата што се отвора.
Активните на полето на човековите права македонски Бугари не се во голем број. Со други зборови повеќето се знаеме кои сме. За Далибор Ѓокиќ, Ивица („Бугаринот“ со српско знаме на својот фејзбук профил) и Миодраг кои се на листата на основачи никој од нас не чул. Не сме чуле ниту за претседателот Драган Цветковски. Да не грешам душа, можеби навистина човекот си е Бугарин, евентуално да има некоја жичка од Босилеградско, ама според составов на партијата и се околу нејзе чисто се сомневам во тоа. Повеќе ми се чини како некој ги мести помеѓу нив да го добиеме бугарскиот Жељко Комшиќ. За тие што не се запознаени со ликот и делото на Жељко Комшиќ, тоа е претставникот на Хрватите во претседателството на БиХ. По татко Хрват, по мајка Србин, а по национално чувство Бошњак кој со гласовите на многу побројните Бошњаци добива место во тричленото претседателство и е особено познат по својата анти-хрватска реторика и политики. Ништо чудно на некои идни избори да добиеме и ние некој таков „Бугарин “во парламентот кој од собраниска клупа ќе глуми задоволен од Владата, а навреден од политиките на Бугарија.
Од една страна власта сака да ни покаже колку сме мали и каде ни е местото со муабет од типот на „ете ви место во Уставот, ама ние ќе си правиме што сакаме со вас“. Од друга страна сепак тоа за партиите на власт има и практична корист како што можеме да видиме на самата страна на партијата на нашите сонародници. Имено, на почетната страна си има и апликација за вработување во државните институции кои кои ќе се отворат резервирани за Бугарите спроед рамковниот договор. Да биде уште посмешно во апликацијата дури може и да пишете дека се гледате себе си на министерско место во владата. Ништо чудно бидејќи веќе стана пракса етнички Македонци да се пишуваат на пријавите Албанци, Турци, Роми и што се не и така да добиваат државни вработувања. По ист терк утре Миодрази, Србољуби, Рамизи и слични ќе си добијат „бугарско работно место“.
Сепак тоа е само еден од бенефитите за влегувањето на Бугарите во македонскиот Устав. За етнoбизнисмените што продаваа бугарштина за 30 евра се отвора нова прилика, но за нас другите покрај симболиката, многу поважни се другите работи кои доаѓаат со тоа кои пред некое време ги спомна Димитар Апасиев во своето излагање на 24 Вести.
Меѓу работите кои Кончита од Али Експрес ги наброја во својот чисто шовинистички настап спаѓаат: правото на образование на бугарски јазик, државно финансирани културни манифестации, пратеничко место, празник/неработен ден за Бугарите, вработувања по етнички клуч и др. кои македонската држава ги дава на сите народи набројани во Преамбулата на Уставот како државотворни народи. И тоа за битпазарскиот Че е голем проблем.
Како особено голем проблем Апасиев го смета образованието за Бугарите кои државата би требало да го обезбеди. Тоа би било враќање на Егзархијата. Бугарите не смеат да имаат свое образование, бидејќи имало егзархиски училишта до пред 111 години. Ајде што тоа е чист апсурд затоа што за тоа образование би било одговорно македонското министерство за образование кое би ја диктирало и програмата туку Димче покажува основно непознавање на историјата. Со кој образ тој може да го стави името на двајцата егзархијски учители Гоце Делчев и Даме Груев кога ја пее химната? Основата на македонскиот национален мит, ВМОРО е создадено од егзархијски учители и чиновници. Војводите регрутирале, се движеле низ народот, проповедале и заколнувале нови членови токму низ инситутуциите на Егзархијата. Таа истата Егзархија која што после долги векови донесе богослужба на мајчин јазик од страна на домашни свештеници и во 19ти век донесе ниво писменост која што дури длабоко во втората половина на 20 век го достигнавме. И на страна сето тоа, бугарските училишта се првите народни училишта во Македонија и се појавуваат со децении пред да се создаде Егзархијата со Султановиот ферман во 1870 година. Срамно непознавање на сопствената историја од страна на еден академски граѓанин, па уште повеќе и факултетски професор со што господинот толку се перчи.
На стана и сето тоа, тоа што најмногу паѓа во очи е чистиот шовинизам кој извира од тоа човече со брада. Според него Бугарите денес треба да се дискриминираат поради нешто што наводно се случило далеку во минатото. Дали велешкиот шумкар го има истото мислење за образованието на браќата Срби? Чисто се сомневам. И тие имаа српски училишта во минатото, дури долги години и не смееше да има поинакви, па Србите денес имаат право на образование во Македонија.
Понатаму, истите гадости ги кажува за наводна си бугарска пропаганда на МТВ иако повторно, таа би потпаѓала на уредничката политика на МРТВ и би се состоела од неколку минути вести или кратки прилози. Истото и за бугарските културни манифестации кои тој ги сведе на некакви шовинистички манифестации за Голема Бугарија и сл. Културата на еден 9 милионски народ кој се протега од Одеса до Корча и кој има 1300 години државност било шовинизам кој ги загрозувал Македонците. Како не му е срам да го труе народот со таква отворена омраза и сето тоа без никакви последици и никаква реакција? Такви изливи на фашизам и шовинизам секаде би биле повод за голем скандал, а тука повод за аплауз демек добро им кажал на „Татарите.
Со оглед на тоа дека се работи за политичар на јавен настап каде што има 1 на 1 време да се искаже колку и како сака, јасно е дека се тоа калкулирани и однапред спремени изјави. На страна омразата кон Бугарите, таа е негувана и многу други политичари, а изјавите во јавноста се свесно одбран чин. Но зошто? Затоа што Левица планира да ја искористи фрустрираноста на македонскиот народ за да добие политички поени. СДСМ ја тера промената на Уставот. Ваљево не смее да си дозволи однапред да ја одбие, но не може ни да си дозволи да ја прифати. Затоа сега нудат некои ментални гимнастики како хрватскиот модел кој знаат дека кај Албанците никогаш нема да помине и сакаат да глумат ем некаков отпор ем кооперативност. Така што линијата на противници на промените останува само да ја брани Левица, а таа линија исто така се поклопува и идеолошки со нивната анти-европска агенда.
Левица сака да го фрустрира, да го заплашува македонскиот народ. Левица не сака да РС Македонија да почне преговори за влез ЕУ и не сака земјата да оди напред бидејќи само фрустрираните гласачи се гласачи на Левица. Никој кој што е задоволен од животот и самоуверен во својот национален идентитет не би ни помислил да гласа за политичките некрофили од Левица. Менталниот склоп на Левица, а воопшто и на комунистите одлично го опишува еден цитат кој што се припишува на Моша Пијаде, еден од најблиските соработници на Тито. Тој наводно на првото заседание на АВНОЈ изјавува:
„Потребно е затоа да створиме толку многу бескуќници, да овие бескуќници бидат мнозинство во државата. Затоа, ние мора да палиме. Ќе припукаме, па ќе се повлечеме, германците нема да не најдат, но од одмазда ќе палат села. Тогаш селаните кои таму ќе останат без кров на глава, сами ќе ни дојдат и нив ќе го имаме народот со нас, па на тој начин ќе станеме господари на ситуацијата. Тие кои немаат ни куќа, ни земја, ни стока, брзо ќе ни се приклучат, затоа што ќе им ветиме голема пљачка. Потешко ќе биде со оние кои имаат некој посед. Нив ќе ги поврземе со нас со предавања, театарски престави и со други погодности… Така постепено ќе пројдеме низ сите покраини. Селанец кој поседува куќа, земја и има стока, работник кој прима плата и има леб, за нас ништо не вреди. Ние од нив треба да створиме бескуќници, пролетери… Само несреќници стануваат комунисти, затоа ние мораме несреќата да ја створиме, масите во очај да ги фрлиме, ние сме смртни непријатели на секоја благосостојба, ред и мир!
