КИРАЦ ПОБАРАЛ ОД ДЕДО МУ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ, АМА ЗА ФРИЗЕРКАТА ВО МЕПСО НЕ СПОМНА НИШТО
„Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.
Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.
И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.
Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.
Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.
Сега градиме поинакви вредности, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“- напиша на својот профил генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

