На ГП „Табановце“ се чека околу еден час

/

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.



АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна статија

Претседателот Пендаровски ќе учествува во Процесот Брдо-Бриони во Словенија

Следна статија

Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија

Најново од Вести