НА ЈУВЕНТУС МУ ГО ПОНУДИЛЕ МУРИЊО, АМА „СТАРАТА ДАМА“ НЕ ГО САКА

Најмоќниот менаџер на светот, Жорге Мендеш, кој му е менаџер на Мурињо, ама и на Кристијано Роналдо и има добра соработка со торинскиот великан го понудил контроверзниот тренер на „старата дама“. Само што во Торино, идејата експресно ја одбиле и тоа од нефудбалски причини.

Во Јувентус не се сомневаат во квалитетите на Мурињо, ама знаат дека Португалецот е многу приврзан со Интер, а плус и направи скандал на своето последно гостување во Торино со Манчестер јунајтед во групната фаза во ЛШ сезонава. После победата на „црвените ѓаволи“ со 2-1, Мурињо ја стави раката на уво и гестикулираше за да ги чуе реакциите, па предизвика бурни реакции кај торинезите.

Затоа и во клубот воопшто и не тргнале да почнат преговори, за да не влезат во војна и со своите навивачи, кои го мразат Мурињо. Сега Јувентус е во потрага на нов кормилар кој би го заменил Алегри, ако и дефинитивно се случи заминувањето на актуелниот тренер кој донесе пет скудета и четири купа во својата петгодишна ера.

Извор: Спорт1

Слични Објави