НА КРАЈ СЕКОЈ МАЖ ЖАЛИ, ШТО ЈА ИЗГУБИЛ ЖЕНАТА ШТО ГО ЧЕКАЛА…

Мило момче, добрата жена е повеќе од совршена инвестиција. Не верувај во Холивуд дека жената која е вљубена во тебе ќе остане верна засекогаш, дека ќе чека и ќе чека, се додека ти конечно не одлучиш што навистина сакаш од животот.
Звучи неверојатно, нели?
Да, но тоа се случува само во филмовите. Реалноста е поинаква. Денес таа ќе ви даде шанса, втора, трета или можеби петта, но таа ќе замине кога повеќе нема да може да толерира и да чека.
Гледаш, секоја жена може да ти даде многу шанси, кои се многу повеќе отколку што заслужуваш. Зошто? Бидејќи таа се заљуби во тебе, затоа што виде нешто поинакво. Таа верува во тебе, дури и кога ти самиот не веруваш. Таа верува дека еден ден ќе бидеш подобар. Ова е главната причина зошто жените не ги напуштаат страшните и навредливи односи.
Но, кога таа конечно ќе сфати дека веќе е неиздржливо, нема враќање назад. Кога ќе тргне во животот без тебе, ќе избере да замине и нема да троши време и енергија на нешто што не го заслужува. Без разлика колку се обидувате да ја добиете назад, тоа нема да се случи. Затоа, оди напред и продолжи да го храниш своето его, повторувајќи си дека таа не е жената за тебе, бидејќи таа не останала.
Вистината е дека ниту една нормална личност нема да остане толку долго. Ниту една жена не заслужува живот полн со стрес, болка и драма. Никој нема право да го натера некој да го чека. Фактот дека таа те оставила и продолжила, значи дека таа самата се избрала себеси, но запомнете дека вие сте тој што ја поттикнал да го стори тоа.
Ќе жалиш дека си ја изгубил жената која била со тебе во добро и лошо ,која те поддржувала и верувала во тебе. Ќе жалиш што си ја изгубил, кога ќе запознаеш нова жена која нема да биде со тебе во најлошите моменти и нема да и се допаднат твоите недостатоци.
И ова ќе биде моментот кога ќе сфатиш што си имал – вредна жена која била до тебе, те сакала и ти била најгоемата поддршка.
А ти што направи? Ја пушти да си замине. Ја истурка, бидејќи не знаеше дали е правата. И тоа не го сфати се додека таа не те остави …

Слични Објави