Затворски чувари групно силувале осуденичка: приведени седум лица
Седуммина затворски службеници во Хонг Конг се уапсени под сомнение дека групно силувале жена по викенд-забава.
Полицајците на возраст меѓу 20 и 30 години се суспендирани од должноста и нема да се толерира какво било прекршување на законот, се вели во соопштението од Одделението за воспитно-поправни служби.
На 9 јули полицијата објави дека добила поплака од 31-годишна жена оти била силувана во областа Цим Ша Цуи во Хонг Конг, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата додава дека жената била поканета на забава во станбениот комплекс на која присуствувале седуммина затворски службеници.