|

НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР „САШЕ ОЦЕВСКИ- МЕШКО“ ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ПАРИ ЗА ЈАНА ОД ОХРИД

Годинава на традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Саше Оцевски- Мешко“ ќе биде поставена кутија за донации, кои ќе заминат кај Јана Арсовска од Охрид, која веќе 4-та година се бори со тешката болест адултен неуробластом.

Турнирот кој се организира од семејството и пријателите на Саше, ќе се одржи на 27 септември (петок) со почеток од 18 часот на игралиштето Голем парк во Драчево.

Сашо Оцевски-Мешко беше медиумски работник, поранешен фудбалер и голем заљубеник во спортот.

Слични Објави