|

НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА МОБИЛНОСТ

Националниот сојуз на глуви и наглуви денеска од пратениците побара поддршка за зголемување на надоместокот за мобилност, кој сега изнесува 4.000 денари. Нивни претставници на Денот на знаковната азбука – 23 септември беа во посета на Собранието, каде се одржа тркалезна маса на која тие ги искажаа своите барања и очекувања, јавува Лидер.

Генералниот секретар на Националниот сојуз, Лиза Велковска освен барањето за зголемување на надоместокот, кој е меѓу најмалите за лицата со посебни потреби, исто така кажа дека тие имаат потреба и од субвенции и помош за набавка на смарт мобилни телефони, да се зголеми процентот на глуви и наглуви лица во државната администрација, намалување на работниот стаж за овие лица и воопшто, да се подигне свеста дека глувите живеат во ова општество.

Претседателот на сојузот Томица Стојановски рече дека 4.000 денари се многу малку пари за поддршка на овие лица.



Слични Објави