ГАЗДА НЕФИ ГИ ПОВИКА ОХРИЃАНИ НА ПРОТЕСТ ЗА ДА МУ ГИ ОДБРАНАТ ДИВОГРАДБИТЕ

//

Советникот од редовите на ДУИ во Охрид Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во градот. Во статусот тој алудира на тоа дека не се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.

Усеини на Фејсбук напиша:

Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.

Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.



Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши.

Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.

Потсетуваме дека Усеини е сосптвеник на дивоизградена пицерија до чинарот во Охрид и на бетонска база ( исто така дивоградба ) на самиот езерски брег.



Претходна статија

НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ БАРА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА МОБИЛНОСТ

Следна статија

ЗА ТРИ МЕСЕЦИ , ЦЕЦА, КЕБА, МАРТИНОВИЌ И ДРУГИТЕ ОД ИСТИЧНИОТ РЕГИОН ОДНЕСОА ОКОЛУ 150.000 ЕВРА

Најново од Вести