НАД 100 ПОЖАРНИКАРИ СЕ БОРЕА СО ОГНОТ НА ПРЕВОЈОТ ПЛЕТВАР
Над стотина пожарникари од Прилеп,Крушево,Битола и од Кавадарци ,војници и работници од Јавно комуналните претпријатија со 40 цистерни повеќе од десет часа од синоќа до доцна по полноќ водеа битка со огнот , што се појави на четири локации на превојот Плетвар.
Поради силниот ветар постоеше опасност од делот на Тројаци преку патот Росоман-Прилеп, пожарот да се префрли кон Топлица.
Поради ова беше затворен и сообраќајот на овој патен правец,при што од двете страни на Плетвар имаше колона долга 25 километри..