|

Невена Георгиевска ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Советничката во Советот на Општина Карпош Невена Георгиевска, поддржана од независната граѓанска иницијатива „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ влегува во трката за градоначалник на општината. Носител на советничката листа ќе биде Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Георгиевска влезе во Советот како носител на независната листа „Независни за Карпош“. Живее во Карпош 4 и е позната како еден од најгласните активисти за заштита на зелените површини и парковите. Нејзиниот ангажман е поврзан со „О2 Иницијатива“, „Ние сме Карпош 4“ и „Го Сакам Водно“.

По професија Георгиевска е дипломиран инженер по електротехника, информатика и автоматика (ЕТФ – Скопје).



Слични Објави