НАД 18.000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО РУСИЈА

Во Русија во последните 24 часа бројот на заразени со коронавирус е зголемен за 18.283, што е највисок досега забележан дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Вкупниот број на заразени во Русија моментално изнесува 1.599.976, пренесе „ТАСС“.

Бројот на смртни случаи од последиците на Ковид-19 е зголемен на 27.656, откако во претходните 24 часа починале уште 355 пациенти.

Во истиот временски период се излекувале 14.519 лица, вкупно 1.200.560 од почетокот на епидемијата, односно 75 отсто од вкупниот број на заболени.