НАГРАДЕНИ АВТОРИ НА „АНТЕВО СЛОВО“ 2019/ 2020 ГОДИНА – СИЦИЛИЈА, ИТАЛИЈА

//

Mеѓународниот конкурс за поезија ,,Антево слово”, распишан по трет пат од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ги прогласи годишниве добитници. Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доајенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/ литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело Ла Векија, односно: академик Катица Ќулавкова, Геро Ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги наградат, а со тоа и застапат во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија следниве автори:

Прва награда за Драгана Евтимова за нејзината песна „Белег“/ A birthmark / Voglia, втора награда за Сузана Мицева со песната „Тефтер“ / Notebook и Давиде Роко Колокраи (Davide Rocco Colacrai) за песната „Ќе бидам моето убаво сонување“ / Sarò la mia bella addormentata, а трета награда за Игор Крајчев и песната „Победа“/ Victory.

Специјални наградени ќе бидат доделени на: Марина Икономова Шокева („Стојам и гледам“ / I am standing and staring), Дина Кампања (Dina Campagna) за песната „Свилени навои“ / Silk threads и Зоран Костески за „Ќе те сместам во стиховите“ / I’ll put you in the verses.



Песната „Белег“ на Драгана Евтимова е конкретна стилистичка творба во која во преден план доаѓаат авторефлексивноста и автореференцијата преку средбата со огледалото кое нуди не само одраз на нејзината внатрешна авторска поетска панорама, туку истовремено и психолошко дефинирање на карактерните особини и животната филозофија, кои се проткаени во еден современ, слободен манир на пишување. Стиховите во оваа песна не замислуваат и обременуваат, ни даваат мотивација да бидеме похрабри, да го пречекориме прагот, да се соочиме со самите себе, па дури и да поверуваме во еден свет во кој Другиот и другоста можат да ни помогнат да научиме да бидеме подобри. Симболиката и самата структура на песната продираат во минатото, како значаен елемент за нашиот развој, ослободена од непотребните естетки елементи, минималистична, конкретна и на момент продуховена.



Претходна статија

БОКИ 13 БАРА ДА МУ ЈА ВРАТАТ БРЕНДИРАНА ГАРДЕРОБА: 77 ПАРА ПАНТАЛОНИ, 50 КАПУТИ, 30 ТРЕНЕРКИ, 15 РЕМЕНИ И 50 КОШУЛИ

Следна статија

ЖЕРНОВСКИ: МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НИКОГАШ НЕМА ДА ЈА ЗАБОРАВАТ ПОДДРШКАТА НА ПОРТУГАЛИЈА

Најново од Вести