|

Најмалку едно лице загина во обид за самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Најмалку едно лице загина денеска во обид за самоубиствен бомбашки напад во Кабул, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Бомбашот се обидел да влезе во зградата на Министерството за урбан развој.

Припадник на безбедносните сили отворил оган и го активирал експлозивот што го носел бомбашот самоубиец.

Во експлозијата загина едно лице кое се наоѓало во близина, а тројца се повредени, изјави портпаролот.

Текстот Најмалку едно лице загина во обид за самоубиствен бомбашки напад во Кабул е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави