НАРОДНА БАНКА РАЗМИСЛУВА ПОВТОРНО ДА ГИ ОДЛОЖИ РАТИТЕ ЗА КРЕДИТИТЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ
Народна банка размислува повторно да ги одложи ратите за кредитите за граѓаните. Според информациите на Алсат, неделава банките ќе имаат средба со надлежните институции, по што конечната одлука ќе се донесе во текот на наредната недела. Во моментов во тек се анализите во кои се земаат во предвид состојбите со пандемијата од ковид 19. Доколку не се продолжи оваа мерка, граѓаните кои ги одложија плаќањата на кредитите и на износите за кредитните картички ќе почнат повторно да ги плаќаат од први октомври. Одлуката за повторно одложување ја носи од Народната банка, по претходни анализи и дискусии со деловните банки во земјава.