Насевска: Ќе ја реконструираме кино салата во Злетово, Пробиштип
Кандидатката за советник во Советот на општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марија Насевска, во својата изјава потенцира дека културата е основниот темел на идентитетот и духовноста на македонскиот народ, и најави нови инвестиции во културниот развој на општината.
„Од песните и ората преку театарот, ликовниот израз, модерниот балет — уметничкото творештво е пулсот на македонското битие. Свесни сме дека без вложување во културата и негување на традицијата ќе го изгубиме она што нè прави препознатливи како народ,“ изјави Насевска.
Таа истакна дека во програмата на кандидатот за градоначалник Тони Тоневски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се предвидени конкретни проекти кои ќе овозможат развој и промоција на локалната културна сцена.
„Ќе инвестираме во нови простори за културни активности, ќе ја реконструираме кино салата во Злетово, ќе организираме кино на отворено и културни фестивали кои ќе ги промовираат нашите локални уметници,“ најави Насевска.
Таа додаде дека визијата на нивниот тим е културата да стане двигател на заедништвото и креативноста во Пробиштип.
„Културата расте таму каде што се сее, а ние ја сееме со љубов и визија. За тебе. За твоето место. За твојата иднина,“ порача Марија Насевска.
