МИЦКОСКИ : ПРАШАЊЕТО Е СПРОТИВНО НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА
Христијан Мицкоски смета дека прашање кое е поставено на референдумот е спротивно од препораките на Венецијанската комисија. Прашањето според венецијанската комисија требало да биде јасно и недвосмислено, додека според Мицкоски во прашањето дали сте за промена на името на државата за влез во НАТО и ЕУ е двосмислено и не е поврзано само со Преспанскиот договор. Тој воедно најави дека одлуката на ВМРО ДПМНЕ за референдумот ќе биде соопштена на 10ти септември.
