| |

Петнаесет нови стипендисти и добитници на медали од меѓународни олимпијади беа избрани за програмата EXPLORER на бугарскиот институт INSAIT

Петнаесет нови стипендисти, добитници на медали од меѓународни олимпијади и натпревари, беа претставени во рамки на програмата EXPLORER на INSAIT на официјална церемонија во бугарската Влада. Програмата им овозможува уште како студенти да учествуваат во научни истражувања од светско ниво и да го продолжат својот развој во Бугарија.

Премиерот Румен Радев изјави дека економскиот потенцијал на една држава повеќе не се мери само преку индустриските достигнувања, туку и преку истражувањата и моделите развиени со вештачка интелигенција.

„Со оваа исклучително ефикасна симбиоза и силниот екосистем што се изгради околу INSAIT, Бугарија веќе е во центарот на овој процес“, рече Радев.

Министерот за образование и наука Георги В’лчев истакна дека целта на EXPLORER е на најталентираните ученици да им се овозможи да го развиваат својот потенцијал на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, со целосен фокус на образованието и истражувањето.

Новите стипендисти имаат повеќе медали од меѓународни олимпијади и десетици национални признанија. Дел од нив уште пред почетокот на високото образование работеле со автономни роботи, учествувале во развој на системи за обука на големи јазични модели и апликации со вештачка интелигенција, како и во научни и софтверски проекти.

Програмата EXPLORER им овозможува на младите таленти да се вклучат во научна работа и технолошки проекти во Бугарија уште за време на студиите.



Слични Објави